Чести прашања

За сите

За регистрација кликнете на Регистрирај се. Потребно е да внесете: е-маил, лозинка, име на компанијата, даночен број и внесете валиден телефонски број на кој подоцна ќе добиете код за потврда.

Плаќањето може да го извршите со картичка (Visa, Mastercard) на самата веб страна или пак да кликнете на Профактура.

При електронска наплата на сметки, Акцент Дооел нема пристап до податоците поврзани со Вашата платежна картичка или сметката во банка, бидејќи тие се испраќаат директно до сертифициран процесинг центар за трансакции со платежни картички и банката, преку сигурна врска.


Cashley++

За да започнете со Демо верзија, потребно е да се регистрирате на www.moj.accent.mk, потоа во продукти да го одберете софтверот кој сакате да го користите. Одберете Демо пакет, кликнете на копчето пробај сега.

За да започнете со Засекогаш бесплатно (unlimited) верзија, потребно е да се регистрирате на www.moj.accent.mk, потоа во продукти да го одберете софтверот кој сакате да го користите. Одберете Засекогаш бесплатно пакет, кликнете на копчето пробај сега.

По истекот на периодот за Демо верзија, имате право на избор дали сакате да ја продолжите лиценцата или не.

Во менито, делот на Мои продукти, во лиценцата што сакате да ја продолжите, кликнете на Продолжи лиценца.

Сите Cashley апликации кои досега синхронизирале со www.cashley.net, по самото регистрирање и пуштената прва синхронизација на апликација со cloud, треба да се изврши повлекување (миграција) на податоците од старата верзија на новата. Подетално за ова ќе прочитате во Упаство за Регистрација и Инсталација, во делот за "".

Самата апликација има доделено различен степен на привилегии: администратор, менаџер и оператор. Секоја од овие улоги има различни нивоа на пристап до менито во апликацијата. Корисникот кој ќе го додадете, во менито ќе ги има отворено опциите кои се дефинирани за улогата во која припаѓа.

Во исклучителни ситуации кога има доцнење на потребните документи, за точна количина на лагер и овозможена продажба, постои опција за работа со негативен лагер. Во најкус можен рок, треба да се внесат потребните документи.

Да, доколку продажбата се врши од малопродажно место (продавница), при одобрување на попуст апликацијата автоматски креира документ Одобрение за попуст.

Да, при промена на цена апликацијата автоматски креира документ за Нивелација на цени.

  • За артикл- доколку одберете некој артикл да не е активен, истиот ќе се појавува на лагер листа доколку го има на лагер, но нема да може да го користите во документи, на пребарување или во продажба. За да може да избришете артикл потребно е да е исполнет условот тој артикл да не е содржан во некој документ.
  • За комитент – доколку одберете некој комитент да не е активен истиот нема да може да го користите во документи. Доколку избришете комитент, документите во кои е содржан нема да се избришат.