Софтверски пакети

Имаме софтвер за Вашиот бизнис

Управувањето со работните процеси е од клучно значење за постоењето и напреднувањето на една компанија. Зошто да губите време на рачно извршување на процесите, кога нашите софтверски решенија може да ги автоматизираат. Брзо и лесно завршете ги работните задачи, намалете ја можноста за грешки и имајте увид во резултатите од Вашето работење.

Развивме широк спектар на софтверски решенија за индивидуални потреби, ги прилагодивме на деловните процеси на нашите клиенти кои се од различни сегменти на пазарот. За време на развојот, на секој проект, нашиот тим заедно со нашиот клиент активно беше вклучен во планирањето и дизајнирањето на софтверското решение. Резултат на тоа се моќните софтверските решенија со модерен дизајн, а сепак едноставни за употреба.

Софтвери за секоја дејност

Одберете софтвер за Вашиот бизнис. Погледнете ја нашата понуда на софтверски решенија одберете согласно Вашата дејност.

Едноставни за употреба

Сите наши софтверски решенија се креирани со цел да Ви помогнат, а за нивната употреба не Ви треба никакво предзнаење.

Достапност

Контрола над Вашиот бизнис од било кое место и во било кое време.

Економични

Користете го она што Ви треба, платете го по најниска цена.

Collab

Веб пристап

Флексибилност и мобилност
Лесно оддржување и надоградба
Поголема контрола над документи
Графички интерфејс со голема резолуција
Лесно прилагодување кон различни видови хардвер
Експорт на податоци во повеќе облици

За компании кои

Имаат голем обем на работа односно голем број документи
Имаат потреба од многу различни типови на документи како и специфични типови на документи кои треба засебно да се програмираат
Имаат потреба од документ менаџмент систем (ДМС)
Имаат потреба од строго контролиран и прецизен тек на работи и настани
Имаат потреба од детална контрола и евиденција на тоа кој работник какви активности може да извршува во рамките на системот
Имаат потреба од меѓусебна комуникација и кореспонденција која треба да биде сочувана и документирана
Имаат потреба од кадровска евиденција односно богата база со податоци за своите вработени
Имаат една централна локација(канцеларија) каде е сместен главниот сервер и повеќе објекти на различни оддалечени локации но немаат потреба или не сакаат да вложуваат во комплицирани информатички системи за поврзување и скапи интернет конекции
Работат со увоз и извоз
Имаат едноставен и сложен производствен процес
Работат во услужна дејност

Cashley++

  • Ултрабрзо креирање сметки
  • Сторнирањето никогаш полесно
  • Модерен графички интерфејс
  • Пристапи од својот мобилен телефон

Преземете

Секој корисник може да ја користи апликацијата Cashley во согласност со Општите услови. Неовластена употреба на апликацијата или употреба спротивна на Општите услови се смета за повреда на авторските права на Акцент Дооел.

  1. ОПШТИ ОДРЕДБИ
    ЧЛЕН 1
    1. Со барањето за активирање на услугата Cashley, бизнис корисникот (во понатамошниот текст корисник) ги прифаќа овие услови на давателот на услугата, АКЦЕНТ ДООЕЛ Скопје, за користење на услугата Cashley.
    2. Барањето се поднесува преку веб-страната на давателот на услуги (www.moj.accent.mk) со регистрација на корисник, односно со внесување на бараните податоци на корисникот на услугата.
    3. По внесувањето на потребните податоци за регистрација и прифаќање на условите за користење ќе биде активирана услугата за корисникот. Давателот на услугите како сопственик на услугата Cashley има право да го одбие барањето од корисникот, без да доставува никакво образложение.
    4. Со активирањето на услугата и прифаќањето на овие Општи услови за користење ќе се смета дека е склучен Договор за услуги.
  2. ДЕФИНИРАЊЕ ПОИМИ
    ЧЛЕН 2
    1. Услугата Cashley е: апликација до која може да се пристапи преку веб прелистувач и при нејзино користење давателот на услугите му овозможува користење на услуги на корисникот согласно предвиденото во овие Општи услови.
    2. Договор за користење на услуги се сметаат Општите услови за користење на услугата.
    3. Корисник е секое правно лице кое ќе изврши регистрација со свое корисничко име и лозинка и ќе ги прифати Општите правила за користење на услугата Cashley.
    4. Сопственик на сите авторски права на апликацијата Cashley е Акцент Дооел. Cashley е регистрирана трговска марка.
    5. Корисничка сметка значи право и можност за користење на услуги од страна на корисниците.
    6. Пристап до податоци е право и способност за користење на услугите од страна на корисникот, преку воспоставено поврзување со интернет, кој ви овозможува да ги видите податоците во рамките на дадените услуги и комуникација со серверот.
  3. НАЧИН НА ДАВАЊЕ НА УСЛУГАТА
    ЧЛЕН 3
    1. Давателот на услуга овозможува користење на услугата преку неговата веб-страница (www.moj.accent.mk)
    2. За да пристапите до услугата, апликацијата бара пристап до интернет. Самиот корисник обезбедува пристап на интернет во согласност со неговите потреби и способности.
    3. За правилно функционирање и користење на услугата Cashley, апликацијата бара веб прелистувач: Mozilla Firefox,Google Chrome, Apple Safari, Microsoft Edge доколку давателот на услуги преку нивната веб-страница не наведе друг веб прелистувач.
    4. Услугите може да се користат при секое легално користење на интернет пристап, кој ги исполнува минималните технички услови од минимум 64Kbit/s upload/download.
    5. Сите можности, функции,начини на користење,упатства се наоѓаат на веб страната www.moj.accent.mk кои се достапни по креирањето на кориснички профил и активирање на услугата.
  4. ОБВРСКИ НА ДАВАТЕЛОТ НА УСЛУГИТЕ
    ЧЛЕН 4
    1. Давателот на услугите се обврзува да ја обезбеди услугата Cashley, со максимална грижа и со користење на најдобрите искуства во оваа индустријa.
    2. Целокупната ИТ платформа за обезбедување на услугата и тоа хардверот (серверите, рутерите) и софтверот, давателот на услугите има обврска да ги одржува во добра работна состојба.
    3. Давателот на услугата дава инструкции за користење на услугите во електронска форма.
    4. Давателот на услугите ќе го одстрани секој дефект или грешка на хардверот или софтверот веднаш штом тоа е изводливо.
    5. Давателот на услугите е согласен дека добиените податоци од користењето на апликацијата од страна на корисникот, како и податоците кои корисникот ги генерира преку Cashley, а кои ќе ги прибира и зачувува серверот преку оваа услуга, се исклучиво сопственост на корисникот и истите ќе му бидат достапни само на корисникот. Давателот на услугите се обрзува дека прибраните податоци нема да ги злоупотреби за свои цели.
    6. Дополнителни обврски за заштита и сигурност на податоците: Хардверска инфраструктура: Давателот на услугите користи доволно моќни сервери за да се обезбедат брзи услуги на голем број корисници. За да се обезбеди чувањето на податоците серверите се изградени со специјална заштита на податоците и архивирање на дигиталните содржини. Целосната серверска инфраструктура и складирањето на податоците е раководена од страна на софтвер за контрола, на која е можно да се интегрираат веб сервисите. Лозинките и другите осетливи информации се чуваат безбедно во енкриптирана форма. Мрежна безбедност: Давателот на услугите обезбедува пристап до податоците, заштитени со напредна технологија за комплетна заштита од упади, малициозен софтвер и неовластена употреба. За пристап до центарот за податоци, се користи единствено корисничко име и лозинка. Сите сомнителни обиди за пристап до податоците се забележуваат и се прегледуваат. Комуникацијата помеѓу десктоп апликацијата и серверската инфраструктура е комплетно енкриптирана и секој пакет кој се испраќа и прима е дополнително електронски потпишан.
    7. Давателот на услугите не одговара за штетата причинета поради грешка, ако до грешката дошло заради несреќа, злоупотреба, погрешно користење или виша сила над кои давателот на услугите немал влијание. Давателот на услугите не одговара на корисникот и на трето лице и не обезбедува никакви дополнителни гаранции, експлицитни или имплицитни, вклучувајќи но не ограничувајќи се на гаранција за користење и/или соодветност за одредена намена на услугата Cashley, освен за оние кои се експлицитно наведени во овие општи услови.
    8. Давателот на услугата Cashley се обврзува услугата да е во согласност со законската регулатива во Р. Северна Македонија и секоја измена во законската регулатива да биде имплементирана во сите изданија и ажурирани верзии на апликативното решение, за време на користење на услугите.
  5. ОБВРСКИ НА КОРИСНИКОТ НА УСЛУГИТЕ
    ЧЛЕН 5
    1. Корисникот на услугата како сопственик на податоците, се согласува давателот на услугите за цело времетраење на услугата Cashley, да ги прибира и зачувува податоците од неговото работење на серверот, а со цел користење на услугата предмет на овие Општи услови.
    2. Корисникот се обврзува дека правилно и безбедно ќе ја користи доделената корисничка сметка од страна на давателот на услугата, што особено вклучува почитување на законските и подзаконски прописи во Р. Северна Македонија, како и одредбите предвидени со овие Општи услови.
    3. За избегнување на сомнеж, корисникот е единствено одговорен за било какво дело и /или пропуст во врска со користење на услугата Cashley, условите, правилата, упатства на давателот за користење на услугата и кои било други негови инструкции во врска со сервисот, како и со важечките законските и подзаконски прописи во Р. Северна Македонија и тоа од страна на сите физички лица кои корисничкото име го имаат на располагање за целите на користење на апликацијата или услугите.
    4. Корисникот на услугата се согласува да му даде на давателот на услугата точни и целосни информации потребни за користење на апликацијата или услугите. Корисникот е единствено одговорен за спроведување на сите потребни мерки за одржување на доверливоста и сигурноста на неговото корисничко име и лозинка кои од страна на давателот на услугите се доделуваат во функција на апликативно решение. Ако корисникот осомничи или дознае дека неговото корисничко име и / или лозинка, или нивната сметка е компромитирана, должен е за тоа веднаш да го извести давателот на услуги преку кориснички веб-сајт.
    5. Во обработката на личните податоци во контекст на користење на апликацијата или услугата, корисникот е одговорен за обезбедување на спроведувањето на сите обврски пропишани со важечките прописи за заштита на личните податоци за поднесување систем на лични податоци.
    6. Корисникот ќе биде одговорен пред давателот на услугите и ќе биде должен да ги надомести сите штети предизвикани од негова страна или на трето лице од неправилна и /или неовластена употреба на имиња на услуги и /или други трговски марки кои се користат од страна на давателот на услугата.
    7. Корисникот се согласува веднаш да ги ажурира сите податоци и информации потребни за користење на апликацијата, односно услугата Cashley, со цел истите да бидат точни и целосни. Неуспехот на испорака и навремено ажурирање на точни, тековни и целосни информации може да резултира со привремено блокирање и /или престанок на профилот или самата услуга.
    8. Податоците за корисникот, вклучувајќи ги и содржините/податоците на серверот и сите содржини/податоци со кои корисникот работи во контекст на користење на апликацијата или услугите, е единствена одговорност на корисникот. Ова значи дека корисникот е единствено одговорен за: секоја испорака на информации /содржина, прикачени, преземено поставени, префрлени преку e-mail сандаче, или на друг начин ги стави на располагање информациите во рамките на користење на апликацијата. Давателот на услугата не ги разгледува ниту сноси било каква одговорност за овие информации /содржини/податоци кои се однесуваат за корисникот, а во секој случај не може да гарантира за нивната точност, законитост и /или квалитет. Давателот на услуги во никој случај нема да биде одговорен за било каква штета што ја претрпел како резултат на тоа корисникот, или било која трета страна.
    9. Корисникот се согласува содржината и податоците кои ќе му бидат достапни , односно услугата Cashley дека ќе ја употребува согласно законските и подзаконски прописи во Р. Северна Македонија и во согласност со овие услови и правила, упатства на давателот на услугата за користење на услугата и кои било други негови инструкции во врска со сервисот и со важечкото македонско законодавство, како и почитување на правилата за користење на интернет. Корисникот гарантира дека податоците кои ќе бидат зачувани на серверот со примена на решенија на давателот на услугата, на никаков начин не ги прекршуваат авторските права или други права на трети страни и важечките законски и подзаконски прописи во Р. Северна Македонија. Секое постапување спротивно на оваа одредба, како и на одредбите од став 5.7 и 5.8 на овој член, ќе резултира со отстранување на корисничка сметка и приклучувањето, како и блокирање на пристапот до податоци на серверот на давателот на услуги или бришење на неговите, во кој случај, давателот на услугата нема да биде одговорен за било каква форма на евентуалната штета што ја претрпел корисникот или на трети лица како резултат на тоа.
    10. Корисникот е потребно да обезбеди достапност на уредот конфигуриран на начин кој овозможува правилно функционирање на услуги, односно апликацијата Cashley.
  6. УПОТРЕБА И ПЛАЌАЊЕ
    ЧЛЕН 6
    1. Корисникот на услугата, може да ја користи услугата Cashley без паричен надоместок до ХХ. Давателот на услугата е должен по електронски пат да го извести корисникот на услугите најдоцна 30 дена пред истек на рокот за бесплатно користење на услугата. Корисникот на услугата е задолжен да го извести давателот на услугите дали ќе продолжи со користење на услугата. Податоците кои се внесени во апликацијата ќе му бидат достапни на корисникот на услугите само во период на постигнат договор за користење на услугата. По истек на периодот во кој корисникот има право на користење на услугите без надоместок, давателот на услугите ќе му понуди три типа на лиценца за користење на услугата. Секој тип на лиценца ќе биде јасно објаснет со функции на располагање и надоместок кој треба да се плати за истите. Паричниот надомест за одбраниот пакет, корисникот на услугата ќе може да го плати исклучиво по електронски пат. Општите услови се во важност и во периодот на користење на услугата без надоместок.
  7. ПОДДРШКА НА КОРИСНИЦИТЕ
    ЧЛЕН 7
    1. Доколку корисникот на услугата наиде на пречки или му е потребна насока за користење на услугата, потребно е по електронски пат да го извести давателот на услугите. Давателот на услугата има обврска да му даде инструкции за работа на корисникот по електронски пат во период од 08:00 до 16:00 часот од понеделник до петок.
  8. РОК ЗА СКЛАДИРАЊЕ И УПОТРЕБА НА ПОДАТОЦИТЕ ЗА КОРИСНИКОТ
    ЧЛЕН 8
    1. Корисникот е информиран и се согласува дека со користење на услугата Cashley не значи трајно складирање на податоците на корисникот во рамките на апликативното решение. Податоци за бизнис корисниците врз основа на податоците внесени од страна на апликацијата се чуваат во рамките на апликативното решение континуирано во текот на времето на услугата, а не повеќе од триесет дена по исклучувањето на податоци за пристап. Корисникот може во секое време во рок од триесет дена по прекин на услугата да ги извлече тие информации / податоци/ содржини на апликативното решение.
  9. ПРАВО НА КОРИСТЕЊЕ
    ЧЛЕН 9
    1. Давателот на услуги му ја дава на не-ексклузивно, лично и непреносливо правото на користење на апликативното решение на корисникот, исклучиво за негови потреби и целите предвидени со ова апликативно решение, вклучувајќи ги и сите изданија и /или ажурирани верзии и /или нови верзии на апликативното решение, за време на користење на услугите.
    2. Корисникот не може да ја смени, дешифрира, разделува или на друг начин да ја смени функцијата или начинот на примена на апликативното решение.
  10. ОГРАНИЧУВАЊА НА ГАРАНЦИЈА
    ЧЛЕН 10
    1. Услугата се обезбедува на принципот на "како што е". Давателот на услугата не може да гарантира дека кога корисникот ќе ги користи услугите ќе биде без грешки во работата на апликативни решенија и /или грешки на давателите на серверот за услугата и /или пореметувања на услугите и /или сервер и дека во оваа прилика нема да има можни грешки што може да предизвикаат губење на податоци. Како и да е давателот на услугите ќе ги преземе сите разумни чекори за да се поправи дефектот што е можно поскоро. Давателот на услугата не одговара за губење на податоците на корисникот, чија загуба е резултат од случаите наведени во овој став.
    2. Давателот на услугата не може да гарантира дека услугата, или било која од неговите опции или било кој дел од него, не можат да бидат достапни за користење на одредена локација или да бидат недостапни во одредени периоди на време поради прекин на пристапот до интернет, а кои не се во доменот на одговорност и способност да влијаат на давателот на услугата.
    3. Давателот на услугата не превзема никаква одговорност поради намалените можности за работа или неспособност за работа на услугите како резултат на примена на различни прелистувачи или начини на работа на истите и сите можни дополнителни решенија (екстензии, додатоци), кои можат да бидат поставени во рамките на прелистувачот. Давателот на услугата не може да гарантира за услуга од било кој прелистувач или било која верзија на прелистувачот.
  11. ПРЕСТАНОК НА ДОГОВОРЕН ОДНОС
    ЧЛЕН 11
    1. Давателот на услугите може да го раскине договорот за услуги со писмено известување до другата страна, Истиот ќе се смета за прекинат по изминување на 30 дена од писмениот допис. Корисникот на услугите може да го раскине договорот за услуга со барање за деактивирање на корисничкиот профил.
  12. ДОДЕЛУВАЊЕ
    ЧЛЕН 12
    1. Услугата предмет на овој договор ги обврзува договорните страни и нејзините универзални наследници. Ниту една од страните не е овластена, без претходна писмена согласност од другата страна, овој договор за услуги и правата и обврските кои произлегуваат од истиот да ги пренесе на трета страна.
  13. РАСКИНУВАЊЕ
    ЧЛЕН 13
    1. Ако некоја одредба од овие услови и правила станува незаконска, неважечка или неприменлива во секој поглед, во согласност со важечките прописи, тоа нема на било кој начин да влијае на законитоста, валидноста или применливоста на останатите одредби од овие услови.
  14. ВАЖЕЧКОТО ПРАВО И РЕШАВАЊЕ НА СПОРОВИТЕ
    ЧЛЕН 14
    1. Овие услови се регулирани и се во согласност со законските и подзаконските прописи во Р. Северна Македонија.
    2. Давателот на услугата и корисникот на услугата се согласни со сите спорови кои произлегуваат од или во врска со овие услови да ги решат спогодбено, а во случај на неуспех, за решавање на спорови е надлежен Основниот суд Скопје 2 Скопје.
  15. ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ
    ЧЛЕН 15
    1. Овие услови ги суспендираат сите претходни усно или писмено, и други директни или индиректни договори меѓу давателот на услугите и корисниците во однос на содржината, што беше договорено од страна на овие услови.
    2. Овие Услови ќе бидат објавени на официјалната веб страница на давателот на услугата. Истите влегуваат во сила на денот на нивно објавување.
    3. Давателот на услугата го задржува правото за промена на овие услови и правила за користење на услугата Cashley. Секое дополнување и изменување на Општите услови ќе биде објавено на веб страната www.moj.accent.mk.

EasyPos

  • Комплетно решение за угостителство!
  • Комплетно работење за маркети!
EasyPOS е апликативен софтвер наменет за компании кои имаат промет од помал обем и чија дејност се извршува на една физичка локација. EasyPOS е софтвер чија задача е да овозможи целата документација која настанува како резултат на работењето на компанијата да биде навремено, уредно, лесно и законски исправно изготвена.

Рекоа за нас

Што кажува искуството на нашите клиенти?